Мареска најмалку два меча на „ладење“ по контроверзното судење на мечот меѓу Рома и Милан

by
1 минути читање

Италијанските медиуми во денешните изданија ги истакнуваа грешките на Мареска на мечот меѓу Рома и Милан.

За најконтроверзен момент се издвојува недосудениот пенал за Рома во 95. минута кога Кјаер го удри Пелегрини во шеснаесетникот на Рома.

Некои сметаат дека и пеналот врз Ибрахимовиќ е престрого досуден, но кога веќе тој е свирнат, чудно е како ударот на Кјаер не пенал кога таму ситуацијата изгледаше многу почиста.

На Мареска му се забележува и за големиот број на жолти картон кои ги подели.

Поради лошата оценка тој нема да суди во наредните две кола од Серија А, а можно е и подолго.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани