Тренерот на Челси, Енцо Мареска откри дека повредата на Николас Џексон е посериозна од првичните пргнози и напаѓачот ќе паузира до април месец.
Во последните денови од преодниот рок, Челси му дозволи на Жоао Феликс да се пресели на позајмица во Милан, а тренерот Енцо Мареска дрско порача дека Португалецот не им недостасува и покрај тоа што имаат повреди во нападот.
Сепак, Енцо Мареска и Челси сега добија лоши вести, Николас Џексон подолго време ќе биде надвор од стројот.
„Нико ќе се врати по паузата за настап со репрезентации. Не очекувавме дека повредата ќе биде толку сериозна, за жал тестовите покажаа дека се работи за нешто сериозно и тој ќе паузира помеѓу шест и осум недели“ – вели тренерот на „сините“.
Надвор од стројот е неговата замена, младиот Марк Гиу.
„И тој подолго време ќе биде отсутен“.