Марадона сега се прави на Тошо: Како би можел да го критикувам Меси, па тој е најдобар во светот!

by
2 минути читање

Легендата на „Гаучосите“
неодамна го нападна својот сонародник Лео Меси како никогаш досега. Диего
Марадона истакна дека фудбалерот на Барселона никогаш не може да биде лидер
бидејќи 20 пати одел во тоалет пред почетокот на натпреварите, и побара од Аргентинците
да престанат да го возвишуваат и да го прават Бог бидејќи во репрезентацијата е
само еден играч повеќе.

Десетина дена по
контроверзната изјава, Диего Марадона сега ја преиначи изјавата и вели дека
медиумите се обидувале да го скараат со неговиот добар пријател Лео Меси.

„Не ме интересира
како луѓето го сфатија ова. Јас многу добро знам кој е Лео Меси, па тој е најдобар
во светот!“
– рече Марадона по вчерашната победа на неговиот тим Дорадос од 3-0
над Минерос де Закатекас.

„Да, кажав дека
пред натпревар има играчи кои по 20 пати одат во тоалет, но никогаш не го
споменав името на Меси. Новинарите сакаат да ме скараат со него, но нема да
успеат“.

„Моето
пријателство со Лео е поголемо од сето ова. Повторувам, тој е најдобриот
фудбалер во светот“.

Марадона можеби е
во право дека никогаш не го именуваше Меси во интервјуто за емисијата „Ла
Ултима Палабра Мексико“ на Фокс, но новинарот убаво го запраша што мисли зошто
Лео е еден во Барселона и сосема друг играч во Аргентина, па на сите како ден
им е јасно за кого тој точно зборуваше.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани