Марадона би навивал за Наполи, не за Барселона

by
1 минути читање

Поранешните клубови на Диего Марадона, Наполи и Барселона денеска имаат меѓусебен дуел во Лига Европа.

Аргентинецот има оставено многу поголем печат во Наполи отколку во Барселона каде мина само една сезона. Неговиот син вели дека татко му да беше жив сигурно ќе навиваше за италијанскиот тим.

„Ова сигурно ќе беше негов натпревар поради тоа што има дадено и за двата тима, но немам сомнеж дека тој ќе се надеваше Наполи да победи“, вели синот на Марадона.

„Сигурен сум во тоа. Тој имаше силна врска со Наполи, таму ги помина најдобрите години. Тоа што тој го направи таму имаше силен ефект за животите на многу луѓе“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×