69
Ливерпул потврди
дека Садио Мане денеска успешно помина оперативен зафат откако се врати
повреден по репрезентативните обврски со Сенегал.
Се работеше за
скршеница на палецот на левата рака, а извесно е дека тој ќе ги пропушти
наредните натпревари на Ливерпул кои претстојат, најпрво Хадерсфилд во
Премиерлигата, а веднаш потоа и Црвена звезда.
Болница
преовладува во тимот на Клоп откако по репрезентативните обврски, освен Мане, со
повреда во клубот се вратија Салах, Кеита и Ван Дијк за време на
интернационалната пауза.