Мане не се поздрави со претседателот на Сенегал (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Првата ѕвезда на
освојувачот на Африканскиот куп на нации, Сенегал, Садио Мане не се поздрави со
претседателот на својата земја за време на церемонијата за прославата по
големиот успех.

Токму ѕзвездата
на Ливерпул го постигна голот за победа во пенал рулетот за Сенегал и со тоа
славеше победа против својот тимски колега, а во тие моменти противник од
селекцијата на Египет, Мохамед Салах.

Во текот на
церемонијата на прославата во Сенегал, претседателот на таа земја, Маки Сал се
обиде да се поздрави со 29 годишниот фудбалер, меѓутоа неговиот обид беше
неуспешен, а Мане веднаш почна со прославата со навивачите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×