305
Садио Мане има
уште една година од договорот со Ливерпул и често се шпекулира дека ова лето ќе
го напушти Енфилд, наводно по крајот на финалето од Лигата на шампионите ги известил
своите соиграчи дека заминува.
Во пресрет на
натпреварот против Бенин во квалификациите од Африканскиот куп на нации, новинар
го праша Садио Мане за неговата иднина и му посочи дека една анкета направена
неодамна покажува дека 60-70% од Сенегалците сакаат тој да го напушти Ливерпул.
„Ќе го сторам тоа
што тие го сакаат. Ќе видиме наскоро!“ – порача Садио Мане.
Се шпекулира дека
тој веќе се има договорено со Баерн Минхен за тригодишна соработка и плата од
околу 20 милиони евра по сезона.