Јувентус освои три нови бода во Серија А откако го совлада Интер во големото дерби. Еден момент го реши овој голем натпревар.
Со овој триумф Јувентус стана првиот тим во Италија кој освоил 43 бода по 15 кола, а со тоа го израмни и рекордот во најсилните пет лиги.
Во првото полувреме и двете екипи имаа свои шанси, Хандановиќ им одбрани добри удари на Дибала и Киелини, а Интер ја погоди десната статива преку Гаљардини.
Интер имаше шанса и на почетокот од второто полувреме кога обидот на Политано беше блокиран. Јувентус на крилјата на навивачите атакуваше кон голот на противникот и таквиот приод се исплатеше.
Во 66. минута по одлична асистенција на Кансело, Манџукиќ само се поклони и пред голот на Интер и постигна гол за водство на Јувентус од 1-0.
До крајот Јувентус рутински го приведе мечот до победа, Интер само јалово се обидуваше да изедначи, но не успеа.