Битката за
овосезонската титула во Серија А стана уште поинтересна по победата на Интер
над Јувентус, па така „Нероаѕурите“ се израмнија по однос на бодовите заедно со
градскиот ривал Милан на делба на првото место на табелата, меѓутоа на „Росонерите“
вечерва им претстои гостувањето кај Каљари.
Селекторот на
Италија, Роберто Манчини видно задоволен од тоа што го видел на дербито,
особено од Николо Барела, наведувајќи дека победата за Интер била од
исклучително големо значење, а за Јувентус нормално е да имаат и лоши изданија.
Освен тоа,
Манчини застана во одбрана на Андреа Пирло, предводникот од клупата на „Старата
дама“ кој се соочи со низа критики за начинот на кој го води составот од
Торино.
„На почетокот е
мошне нормално да се соочите со одредени потешкотии, компликации, дури и да сте
играле на високо ниво, да се биде тренер е една сосема поинаква работа“ изјави
Манчини.
„Потоа,
постепено, ќе учите и ќе станувате подобар и подобар, се’ што се случува е сосема нормално, дури и да имате
среќа да тргнете на високо ниво“ додаде селекторот на „Аѕурите“.
Јувентус заостанува седум бода зад лидерот Милан, а може да се рехабилитира од поразот кај Интер со евентуална победа против Наполи во среда во италијанскиот Суперкуп.