Манчини „заглави“ на автопат, а нервозата ја сподели и со пцовки (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Дури и селекторот
на Италија знае да се налути и да реагира на случувањата по патиштата, па така
беше синоќа по победата на „Аѕурите“ над Литванија со убедливи 5-0, откако
Манчини се најде во една необична ситуација.

Манчини не се
двоумеше воопшто да упати јавни критики поради тоа што на автопатот по кој се
враќал кон својот дом немало никакво предупредување дека делницата по која
требало да се исклучи е затворена за сообраќај, а тој тоа го дознал на самото
место.

Ова се
италијанските автопати, пристигнувате доцна во ноќта, а на самиот автопат
никакви знаци кои предупредуваат дека местото е затворено за сообраќај,
засрамете се, СРАМОТА
“ напиша Манчини на социјалните мрежи, а од видеото кое го
објави се слушаат и пцовки од негова страна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×