Манчини: Во Премиерлигата би се смееле на судењето на Мареска

by
1 минути читање

Судијата Мареска беше во центарот на вниманието, даде многу картони, но од таборот на Рома главните замерки се за две ситуции, едната е досудениот пенал врз Ибрахимовиќ, другата е недосудениот пенал по ударот на Кјаер врз Пелегрини во последните моменти од мечот.

„Ја делиме лутината на тренерот, сите ги видоа инцидентите. Пеналот на Ибанез апсолутно не беше пенал. Судијата беше повикан да види повторно на ВАР, но одлуката му остана иста“, вели Манчини.

„Имаше чист пенал пред крајот каде Кјаер го удри Пелегрини. Тоа е пенал, но ВАР не интервенираше. Беше јасно како ден“.

„Судиите продолжуваат да зборуваат дека не сакаат да судат многу пенали, и покрај тоа судат пенали како тој за Милан. Тоа беше перфектно нормален старт во шеснаесетникот на двајца фудбалери кои се борат за топката. Ибрахимовиќ дури и не беше во позиција да шутира“.

„Судиите можат да направат грешка, исто како и ние фудбалерите, луѓе сме. Како и да е, има пет судии и ВАР, доколку ве викнат да видите, значи сте направиле грешка“.

„По мечот отидов и му кажав на Мареска дека тоа беше нормален старт и Ибрахимовиќ дури и не беше во позиција за шут“.

„Гледам фудбал многу. Мислам дека 12 жолти картони се премногу за овој натпревар. Видете во Премиерлигата, таму би ви се смееле ако судите вака, посебно тој пенал“.

„Не сакам да покажам непочитување кон било кој, но искрено, изгледа како шега. Кјаер не ја допре топката, го удри само Пелегрини“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани