903
Роберто Манчини направи фантастичен успех откако ја предводеше Италија до европската круна, тој создаде фантастична селекција на фудбалери кои делуваа како едно и со импресивни игри дојдоа до големиот трофеј.
„Тоа е прекрасна сензација и среќен сум за сите Италијанци во светот бидејќи создадовме нешто исклучително“, вели Манчини.
„Овој тим на Италија засекогаш ќе остане во историските книги. Можам само да им симнам капа на моите фудбалери. Се се случи толку брзо, помина пред мене како филм. Ништо не подготвувавме, но се вративме во Рим и бевме пречекани од толку многу луѓе на улиците“.
„Мислам дека луѓето ќе продолжат да го слават ова преку цело лето и тоа е прекрасно“.