Манчини објасни зошто Скамака нема да игра против Македонија

by
1 минути читање

За бараж дуелите Роберто Манчини работеше со 33 фудбалери, но само 23 можат да бидат денеска на дуелот со Македонија.

Меѓу оние кои ќе гледаат од трибините се и напаѓачите Скамака, Заниоло и Белоти.

Роберто Манчини даде објаснување за отсуството на Скамака, имал мускулен проблем.

„На крајот од вчерашниот тренинг Скамака почувствува болка во мускулот, па треба да видиме за што точно се работи“, вели Манчини за РАИ.

Стартниот состав на Италија се очекува да биде: Донарума, Флоренци, Манчини, Бастони, Емерсон, Барела, Жиржињо, Верати, Берарди, Имобиле, Инсиње

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×