144
Манчини беше еден од стрелците во победата на Рома над ЦСКА Софија од 5-1. Во 82. минута тој отиде во шеснаесетникот при еден корнер иако Мурињо му рекол да остане позади. Топката одбиена од стативата дојде до него и тој постигна гол.
„Мурињо ми рече да останам назад на корнерите, но почувствував дека можам да постигнам гол, па истрчав во шеснаесетникот и дадов гол, го прославив со него, отидов да му го кажам тоа“, открива Мурињо.
И самиот Мурињо на својот инстаграм профил го потврди случајот со Манчини.
„Кога фудбалер ќе те праша дали може да оди во шеснаесетникот на корнер и ти ќе му кажаеш не, но тој ќе отиде и ќе даде гол… можеш само да се насмееш“, напиша Мурињо.