643
Италија загуби на
свој терен од Шпанија со 1-2 во Лигата на нации, меѓутоа свирежите кон
домашниот голман Џанлуиџи Донарума за момент се најдоа во центарот на
вниманието.
Причините се
познати, Италија мечот го играше на „Сан Сиро“, а навивачите на Милан не ја
пропуштија приликата да упатат свирежи кон Донарума кој од тој клуб се пресели
во ПСЖ без никакво обештетување бидејќи му истече договорот.
Селекторот на „Аѕурите“,
Роберто Манчини застана во одбрана на Донарума, за кого тврди дека во моментов
е најдобриот голман во светот.
„Наша среќа е тоа
што го имаме најдобриот голман во светот во овој момент“ рече Манчини.