Манчини: Долг е патот до Вембли

by
1 минути читање

Италија на најдобар можен начин го почна Европското првенство, убедлива победа од 3-0 над Турција.

„Покажавме добри перформанси. Во првото полувреме не успеавме да постигнеме гол, не беше лесно, тоа беше прв меч и Турција е многу добар тим“, изјави Манчини по мечот.

„Во овие натпревари потребно ви е се. Имавме помош од публиката, среќни сме и мислам дека тимот одигра многу добро“.

„Одлучувачко беше кога почнавме побрзо да ја движиме топката, кога успевавме секогаш да направме некој да е слободен за додавање. Важно беше да се стартува добро, задоволсто е за нас, за публиката, за сите Италијани“.

„Беше прекрасна вечер и се надевам дека ќе има уште многу такви. Вембли? Тоа е долг пат. Има уште шест меча до таму“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×