Манчестер сити не ризикува ништо: Освојувачот на „Златната топка“ добива нов договорт со повеќе пари

by Стефан
1 минути читање

Шпанскиот репрезентативец Родри (28) наскоро би можел да потпише нов, значително подобрен договор со Манчестер сити, јавуваат британските медиуми. И покрај тоа што неговиот актуелен договор истекува дури за две години, управата на „граѓаните“ е решена да го награди за досегашните настапи и лојалност, нудејќи му четиригодишно продолжување со многу подобри услови.

Новата понуда предвидува годишна плата од речиси 20 милиони евра, со што Родри би станал вториот најплатен фудбалер во тимот, веднаш зад норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд, кој заработува околу 32 милиони евра по сезона.

Родри пропушти речиси цела сезона поради сериозна повреда на коленото, но се врати на теренот на 20 мај, во претпоследното коло од Премиер лигата. Сепак, раководството на „граѓаните“ и покрај долгата пауза одучило да ја продолжи соработката.

Откако во летото 2019 година пристигна од Атлетико Мадрид, Родри стана незаменлив дел од тимот на Пеп Гвардиола. Досега заработуваше 12,5 милиони евра годишно, но новиот договор ќе го постави на повисоко ниво, како признание за неговото влијание врз играта и стабилноста на тимот.

Фото: Manchester City/FB

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани