Манчестер Сити изостави две големи имиња од составот за Светското клупско првенство

by bojan
1 минути читање

„Граѓаните“ го објавија составот со кои ќе настапат на Светското клупско првенство, на списокот на Пеп Гвардиола нема место за две големи имиња – Џек Грилиш и Кајл Вокер.

Џек Грилиш нема иднина на Етихад, најавите на медиумите се остварија, Англичанецот не е дел од составот на Манчестер Сити за Светското клупско првенство.

Пеп Гвардиола за натпреварувањето во САД нема да смета науште едно големо име, односно Кајл Вокер, кој вториот дел од сезоната го помина на позајмица во Милан.

Повик добија сите засилувања од овој месец – голманот Бетинели, дефанзивецот Аит Нури како и фудбалерите од средниот ред Рајндерс и Шерки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани