„Граѓаните“ попладнево го потврдија трансферот на Рајан Аит Нури од Вулверхемптон, репрезентативецот на Алжир пристигнува во зделка вредна 31 милион фунти (околу 37 милиони евра) која може да порасне на 36 милиони фунти (околу 43 милиони евра).
Пеп Гвардиола конечно на располагање ќе има класичен лев бек, позиција на која изминативе години често покриваа играчи со други профили.
Манчестер Сити како прво засилување ова лето го донесе Рајан Аит Нури од Вулверхемптон во зделка вредна околу 31 милион фунти (околу 37 милиони евра). Се шпекулира дека „волците“ можат да добијат и додатни 5 милиони фунти (околу 6 милиони евра) во бонуси.
„Огромна чест и радост е тоа што ќе му се придружам на Манчестер Сити. Се работи за еден од најголемите клубови во светот и шансата да го облечам овој дрес е остварување на сонот“ – вели Алжирецот.
„Исто така со нетрпение чекам да почнам да учам од Пеп и неговиот тренерски персонал, и да тренирам и играм заедно со играчи од светска класа“.
„Трансферот во Манчестер Сити исто така е значаен и горд момент за целото мое семејство“.
ФОТО: X/Manchester City