116
Неколку извори од „островото“ пренесуваат дека Манчестер Сити е пред ангажман на 18 годишниот Свере Нипан, младото момче во јануари беше на чекор до трансфер во Арсенал.
Големиот норвешки талент, Свере Нипан треба ќе биде петтото засилување за Манчестер Сити ова лето.
18 годишниот фудбалер, кој важи за еден од најперспективните во својата генерација, во јануари беше на чекор до трансфер во Арсенал, но преговорите не прогресираа па „граѓаните“ успеаја да го украдат.
Детали не се откриваат, но се говори дека трансферот ќе биде рекорден за Розенборг и норвешкиот фудбал.
Офанзивниот фудбалер нема веднаш да му се стави на располагање на Пеп Гвардиола, ќе биде испратен на позајмица во Жирона.