Манчестер Сити е на чекор до официјална потврда на Енцо Мареска како нов менаџер на тимот и наследник на Пеп Гвардиола.
Според информациите од Англија, италијанскиот стратег веќе ставил потпис на договор со „граѓаните“, а соработката ќе трае до јуни 2029 година. Се очекува клубот во наредните денови и јавно да го претстави новиот тренер.
Мареска не е непознато име за Манчестер Сити, затоа што веќе беше дел од клубот како помошник на Пеп Гвардиола. Во тој период важеше за еден од најважните луѓе во стручниот штаб и човек кој одлично ја разбира филозофијата на игра на шпанскиот тренер.
Раководството на Сити верува дека токму Мареска е вистинското решение за продолжување на доминацијата на клубот, а покрај работата со првиот тим, тој ќе биде директно вклучен и во трансфер стратегијата и креирањето на идниот ростер.