Помеѓу осумте финалисти за признанието „најдобар фудбалер за сезоната 2024/25“ нема ниту еден фудбалер од Манчестер сити, минатосезонскиот шампион и клуб чии претставници минатата година ги освоија двете главни индивидуални награди.
Оваа сезона, доминира Ливерпул, кој како нов шампион има три свои играчи меѓу кандидатите: Мохамед Салах, Вирџил ван Дајк и Рајан Гравенберх. Египќанецот Салах важи за апсолутен фаворит и според многумина, би било вистинско чудо доколку не ја добие наградата.
Интересно е што и седмопласираниот Нотингем форест има два свои играчи во конкуренција, Морган Гибс-Вајт и Крис Вуд, што е големо признание за тимот кој имаше солидна сезона. Во трката за најдобар фудбалер се и Александар Исак од Њукасл, Деклан Рајс од Арсенал и Брајан Мбемо од Брентфорд.
Покрај најдобрите играчи, објавени се и финалистите за најдобар менаџер на сезоната и тоа се: Арне Слот, а покрај него се најдоа и Нуно Еспирито Санто (Нотингем Форест), Еди Хау (Њукасл), Томас Франк (Брентфорд) и Витор Переира (Вулверхемптон).
Мината година двете главни награди завршија во редовите на Манчестер сити, Фил Фоден беше прогласен за најдобар играч, а Пеп Гвардиола за најдобар менаџер.
Фото: Liverppol FC/X