150
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со бламажите во сезоната која ја завршија на 15. место во Премиер лигата. Овој тим неодамна загуби од Тотнем во финалето на Лигата на Европа, а сега е на пост-сезонска турнеја во Азија.
На натпревар во Малезија екипата на Јунајтед загуби од Азискиот Ол-стар тим со минимални 1-0. Човек на одлука на овој натпревар беше Маунг Маунг Лвин кој настапува за Лампун Вириор од Мјанмар.
Рубен Аморим на овој натпревар комбинираше, ама од првата минута во Малезија заиграа Онана, Мегваер, Угарте, Касемиро, Доргу, Далот, Мејно и Хојлунд.
Потоа шанса добиваа доста младинци, но и Фернандеш, Диало, Еванс, Гарначо…