Манчестер јунајтед направи чекор напред кон изградбата на новиот стадион – ќе има капацитет од 100.000 седишта (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Maнчестер јунајтед направи сериозен чекор кон изградбата на нов стадион.

Со влегувањето во клубот ко-сопственикот Џим Ретклиф најави изградба на нов стадион на местото на култниот „Олд Трафорд“.

Како што пренесуваат медиумите на Островот оформена е работна група за изградба на стадионот составен од легендата на Манчестер јунајтед, Гери Невил, градоначалникот Енди Бурнам и Сара Тод, лице од „Олд Трафорд“.

На состанокот на градот и главното тело едногласно била даде поддршка за изградба на нов стадион.

Следната фаза од проектот ќе биде формирање на стратешки мастер план за регенерација на подрачјето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани