„Ѓаволите“ испратиле нова подобрена понуда до Брентфорд за трансфер на Брајан Мбеумо, во случај и сега да добијат негативен одговор, ќе се повлечат од преговорите и ќе се насочат кон други цели.
Манчестер Јунајтед продолжува да работи на тимот за новата сезона, и откако го ангажираше Матеуш Куња, се насочи кон Брајан Мбеумо од Брентфорд.
Популарните „пчели“ го одбија првиот предлог вреден 55 милиони фунти (45 милиони фунти како фиксен дел, и додатни 10 милиони фунти во бонуси) и порачаа дека нема лесно да се откажат од напаѓачот.
Последните информации велат дека „ѓаволите“ испратиле нова понуда и на маса ставиле предлог кој е вреден преку 60 милиони фунти.
Клубот од Олд Трафорд исто така поставил и ултиматум, или Брентфорд ќе го прифати овој предлог, или тие ќе се повлечат од преговорите и ќе се насочат кон други цели.
Брајан Мбеумо има одлична сезона зад себе со 20 голови во Премиерлигата, па го привлече вниманието на неколку клубови, па затоа Брентфорд сака да наплати што е можно повеќе.
ФОТО: fb/Brentford FC