Maнчестер јунајтед го договорил првото летно засилување: Ќе плати 74 милиони евра!

by Стефан
1 минути читање

Манчестер јунајтед изгледа го договорил своето прво летно засилување и тоа бразилскиот напаѓач Матес Куња (25) кој според информациите на Фабрицио Романо ќе го облече дресот на „црвените ѓаволи“.

Наводно, Куња веќе ја прифатил понудата и преостануваат уште неколку административни детали пред трансферот да се официјализира. Се очекува Бразилецот да се приклучи на Јунајтед веднаш по отворањето на летниот преоден рок.

Куња моментално настапува за Вулверхемптон и сезонава блеска во дресот на „волците“ каде што постигна 15 голови во Премиер лигата и уште два во ФА Купот. Манчестер Јунајтед ќе ја активира откупната клаузула од 74 милиони евра, која е наведена во неговиот договор со Вулвс.

Во текот на кариерата, Куња играше и за швајцарскиот Сион, германските РБ Лајпциг и Херта, како и за шпанскиот Атлетико Мадрид. Има 13 настапи за репрезентацијата на Бразил.

Манчестер Јунајтед претходно беше поврзуван со други офанзивци како Виктор Ѓокереш и крилниот напаѓач Рајан Шерки, па останува да се види дали нивното доаѓање ќе биде ставено во втор план или „ѓаволите“ ќе побараат и уште едно засилување во нападот.

Фото: Wolves/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани