Манчестер Сити првпат ќе игра во финале на ЛШ, со два гола на Махрез уште еднаш го победија ПСЖ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

ПСЖ со негатива од 2-1 го почна мечот во Манчестер, во претходните дуели на гостувањата беа подобри, па се надеваа дека и овојпат може да биде така, но не беше.

Манчестер Сити одигра одлична тимска партија, момците на Пеп Гвардиола беа исклучително мотивирани и дојдоа до нова победа.

Махрез во 11. минута го отвори натпреварот, а во 63. минута ги постави конечните 2-0.

Фудбалерите на ПСЖ изгледаа немоќно и себично, а нивната фрустрација беше особено видлива по вториот примен гол. Почнаа да играат грубо, а при еден таков старт Ди Марија заработи директен црвен картон.

На крајот Манчестер Сити заслужено се најде во финалето каде ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Челси и Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×