Манчестер Сити отиде на +13, Де Брујне донесе победа во дербито со Челси (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер Сити и Челси не одиграа некој возбудлив натпревар, но и двете екипи имаа свои шанси за победа, а една од нив искористија домаќините.

Во првиот дел Џек Грилиш ја имаше најголемата шанса, но Кепа Аризабалага го одбрани неговиот удар.

Можеби се ќе беше поинаку ако во 48. минута Ромелу Лукаку дадеше гол. Напаѓачот на Челси се најде во позиција еден на еден со Едерсон, но голманот на Манчестер Сити беше поуспешен.

Клучниот момент се случи во 70. минута кога Кевин Де Брујне пласираше убаво од далечина и постигна гол за победа на Манчестер Сити од 1-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани