Манчестер Сити очајно посакува нов договор со Стерлинг

by
1 минути читање

Рахим Стерлинг за
момент го загуби првотимскиот и стандарден статус во редовите на англискиот
првак Манчестер Сити, но неговите фантастични перформанси на Европското
првенство ги натераа челниците на „Граѓаните“ да побараат брза реакција за
дефинирање на неговата иднина.

26 годишниот
Стерлинг има важечки договор со „Граѓаните“ до 2023 година, меѓутоа клубот
посакува во периодот кој претстои обете страни да се договорат на подолг рок, што
и повеќе од веројатно потврдува дека Пеп Гвардиола погреши во своите одлуки со Стерлинг
откако во завршниот дел од изминатата сезона често го изоставуваше.

Стерлинг постигна
три гола од вкупно четири на Англија досега на европскиот турнир, а „Гордиот
албион“ во четвртфиналето ќе ги одмери силите со Украина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×