Поранешната
понежна половина на ѕвездата на Манчестер Сити, Ријад Марез, Рита Јохал тврди
дека клубот е виновен за тоа што тие обајцата се разделиле, а најмногу поради
тоа што самиот фудбалер во голема мера се променил по трансферот од Лестер во
редовите на „Граѓаните“.
Двоецот се
запозна во 2014 година, а брзо потоа стапија во брак, меѓутоа се разделија по
трансферот на Марез од Лестер во Манчестер Сити во 2018 година.
„Тој трансфер во
целост го промени мојот сопруг, Ријад дозволи славата да му влезе во самата
глава, во целост се промени кога потпиша за Манчестер Сити“ рече Рита во
интервјуто за „Сан“.
„Ријад, онаков
каков што го запознав претходно беше една сосема поинаква личност, за разлика
од тоа што е денес, тој се забавува, се однесува како ѕвезда“ додаде таа.
„Не го мразам
него, тоа е навистина голем збор, но шокирана сум од начинот на кој се промени,
одненадеш ме напушти и си замина, а како причина го наведе притисокот од
играњето во Манчестер Сити, фудбалерите треба да останат на земја, да останат
лојални за оние кои се грижат за нив, дури и доколку заминат во поголем клуб,
кариерата на еден фудбалер е кратка…“ порача Рита, а таа е среќна поради
сопругата на Хари Кејн, за кого се веруваше дека е пред трансфер во Манчестер Сити ова лето.
„Сопругата на
Хари Кејн веројатно имаше среќа што избегна трансфер на нејзиниот сопруг во тој
клуб, а другите би требало да бидат повнимателни“ заклучи Рита.