144
Тотнем има став дека не го продава Хари Кејн, но Манчестер Сити подготвува понуда со која се надева дека ќе го предомисли Даниел Леви.
Сити ќе понуди 150 милиони евра, плус е подготвен да преговара и за зголемување на оваа сума со бонуси, ако тоа е потребно.
Хари Кејн сака да го напушти Тотнем и да се пресели во клуб кој е конкурентен за титули.
Манчестер Сити во моментов нема напаѓачи во составот освен Габриел Жесус. Пеп Гвардиола знае да игра и со лажна деветка, но очајно го посакува Хари Кејн во својот тим, а раководството ќе направи напор да му ја оствари желбата.
Интересно токму Тотнем и Манчестер Сити играат во првото коло од Премиерлигата.