Манчестер Сити не се откажува од Меси, ќе му понуди десетгодишен план, да избира од 8 клубови и улога на амбасадор

by
1 минути читање

Пред неколку дена
беше објавено дека Манчестер Сити нема да тргне по потписот на Лео Меси, неговата
возраст и високата плата се причина „граѓаните“ да се насочат кон други
трансфер цели.

Но според
пишувањата на Тајмс, Манчестер Сити не се откажува од идејата да го ангажира
Аргентинецот. Весникот вели дека на напаѓачот ќе му биде презентиран
десетгодишен план.

Лео Меси неколку години
ќе го носи дресот на Манчестер Сити а потоа ќе одбере еден од осумте клубови кои
се дел од „Сити фудбал груп“, каде најзвучно име е Њујорк Сити.

По крајот на
фудбалск
ата кариера, Аргентинецот ќе добие улога на амбасадор и ќе треба да
помогне за промоција на брендот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×