Манчестер Сити му нуди договор на Роналдо, но понудата не е примамлива за Јувентус

by
1 минути читање

Агентот Мендеш се обидува да му најде нов клуб на Кристијано Роналдо, тој преговарал со Манчестер Сити.

Според „Скај Спорт Италија“, Манчестер Сити му нуди двегодишен договор на Роналдо со плата од 15 милиони евра по сезона, но англискиот клуб не сака да плати обесштетување за Португалецот, ниту да прати фудбалер во спротивен правец.

Ќарот на Јувентус од еден ваков трансфер би бил фактот што нема да му дадат плата за една сезона на Роналдо, која изнесува 30 милиони евра.

Но, тоа е малку за Јувентус, тие сакаат Манчестер Сити да им плати обесштетување од 25 милиони евра или да им го даде Габриел Жесус.

Се очекува преговорите да се интензивираат во наредните денови, на Манчестер Сити му е потребен напаѓач откако не успеаја да го ангажираат Хари Кејн.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×