Англискиот првак
Манчестер Сити ја лансираше првата понуда до Тотнем за напаѓачот Хари Кејн, а
истата е во висина од 100 милиони фунти, а се верува дека „Граѓаните“ доста
активно се вклучиле во битката за потписот на напаѓачот изминативе неколку
денови.
27 годишниот Кејн
посакува да си замине од составот на „Спарси“, а неговата преферирана
дестинација е наводно „Итихад“, за што тврдат на Островот.
Тешко дека оваа
вест ќе помине позитивно кај првиот човек на Тотнем, Даниел Леви, кој го
проценува најдобриот играч на „Спарси“ на цели 150 милиони фунти.
„Гардијан“ тврди
дека Тотнем би имал и опција во преговорите со Манчестер Сити да избере помеѓу Рахим
Стерлинг, Емерик Лапорт или Габриел Жесус, кои би можеле да бидат вметнати во
понудата на „Граѓаните“.
Освен Манчестер
Сити, интерес за потписот на Кејн има и Челси.