Пеп Гвардиола очајно ги постакува Кејн и Грилиш, но и двајцата се премногу скапи, па почната е сложена операција со продажба на пет фудбалери.
Познато е дека Манчестер Сити има исклучително широк состав на квалитетни играчи, па за Пеп нема да биде проблем да продаде пет играчи за да ги донесе Кејн и Грилиш.
Според англиските медиуми, Рахим Стерлинг, Ријад Махрез, Габриел Жесус, Бернардо Силва и Емерик Лапорте добиле известување од клубот дека може да си одат.
Гвардиола смета дека со продажба на Стерлинг, Махрез, Жесус и Силва би се стеснил изборот за офанзивната линија, но од друга страна пак би добил на квалитет со ангажманот на Кејн и Грилиш.
Рубен Диаш со Стоунс формираа исклучително силен тандем во дефанзивата, па би го жртвувал и Лапорте само да се обезбедат доволно средства.
Овој план на Манчестер Сити сепак е гломазен за да се оствари во краток временски период, тешко дека за сите пет фудбалери ќе се најдат купувачи со високи понуди, но останува да видиме што ќе се случи.