Манчестер Сити и официјално потврди дека ја напушта Суперлигата, Чеферин веднаш реагираше

by
0 минути читање

Најавите се остварија, Манчестер Сити преку својот вебсајт објави соопштение со кое потврди дека излегува од Суперлигата.

„Манчестер Сити иможе да потврди дека формално ја почна процедурата за излегување од Европската Суперлига“, стои во соопштението на клубот.

Веднаш по соопштението се јави и претседателот на УЕФА, Александер Чеферин кој рече: „Среќен сум што на Манчестер Сити можам да му посакам добредојде назад во европската фудбалска фамилија. Тие покажаа голема интелегенција. Среќен сум што ќе работам со нив за подобра иднина“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×