Манчестер Сити е специјалист за Карабао Купот, тоа добро го почувствува и Арсенал (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити последен пат во Карабао Купот загубиле во октомври 2016 година, отогаш имаат 18 победи и три трофеи во ова натпреварување.

Дека нема да му биде лесно на Арсенал се виде уште во третата минута кога Габриел Жесус погоди за водство на Сити од 1-0.

Арсенал успеа да се врати, во 31. минута Александре Лаказет го изедначи резултатот на 1-1.

Но, по девет минути игра во вториот дел, Махрез од слободен удар го врати водството на Арсенал, катастрофална реакција на голманот Рунарсон.

Пет минути подоцна Фоден зголеми на 3-1, а во 73. минута Лапорте ги постави конечните 4-1.

Покрај Манчестер Сити во полуфиналето место обезбеди и Брентфорд кој со 1-0 го победи Њукасл. 

Утре се играат другите два полуфинални меча, Стоук – Тотнем и Евертон Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×