98
Габриел Жесус беше херојот на Манчестер Сити денеска, тимот на Гвардиола по поразот од Челси брзо им се врати на победите.
Резултатот го отвори Жесус во 22. минута, а тој постигна гол и по пет минути игра во второто полувреме за предност од 2-0.
Евертон успеа да се врати преку Калверт Левин во 65. минута, но само четири минути подоцна Стерлинг три минути по своето влегување го постави конечниот резултат од 3-1.