Минатата недела
беше објавено дека Феран Торес е прва желба на Барселона за засилување на
офанзивата и веќе бил постигнат договор со играчот. „Каталонците“ сега треба да
пронајдат заеднички јазик и со Манчестер Сити, и ова е потешкиот дел од
задачата.
„Граѓаните“ планираат
„дебело“ да наплатат и за услугите на Шпанецот бараат 70-80 милиони евра. Ова е
значително повеќе од сумата која тие и ја платија на Валенсија во 2020, кога го
купија фудбалерт за 23 милиони евра, плус додатни 12 милиони евра во бонуси.
Според Мундо
Депортиво, под вакви услови е невозможно Феран Торес да пристигне на Камп Ноу,
па Барса планира на маса да стави неколку играчи. Весникот шпекулира со имиња
како Дест, Серхи Роберт, Ленгле, Мингеза, Кутињо, Нето или Умтити.