Манчестер јунајтед во Баер Леверкузен има поевтина алтернатива од Санчо и Грилиш

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед почна сериозно да размислува за младата ѕвезда на Баер Леверкузен, 22
годишниот Леон Бејли кој со своите импресивни изданија во дресот на „Фармацевтите“
го привлече вниманието, а претходно се поврзуваше и со Манчестер Сити.

Шефот на
стручниот штаб на „Црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солшер посакува да го освежи
средниот ред за идната сезона, а се споменуваа Џејдон Санчо од Борусија
Дортмунд, како и Џек Грилиш од Астон Вила.

Како и да е, „Спортсмејл“
наведува дека Бејли сега е првична цел за тимот од „Олд трафорд“, причините се
јасни, интернационалецот од Јамајка на трансфер пазарот вреди околу 40 милиони
фунти, а воедно офанзивецот е многу поевтина варијанта во однос на Санчо и
Грилиш.

Прилично доста енергичен
на теренот, фудбалерот кој инаку природно е левак, меѓутоа умее и добро да игра
и како деснак, е атракција за Солшер, најмногу што Норвежанецот би имал можност
да го користи на обете страни во офанзивна улога во играта на Манчестер
јунајтед.

Фактот што Бејли
веќе има и искуство во Лигата на шампионите е дополнителна мотивација за
Манчестер јунајтед сериозно да тргне по неговиот потпис, тој има договор со
Баер Леверкузен со важност до 2023. година, а сезонава на 19 настапи за тој
клуб успеа да постигне пет погодоци, како и да запише две асистенции зад своето
име.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×