Манчестер јунајтед тргнува по фудбалер на Јувентус, фановите не се многу среќни со изборот

by
2 минути читање

Познатиот англиски новинар, Дејвид Орстејн од „Атлетик“, тврди дека Манчестер јунајтед работи на ангажман на Адриен Рабио од Јувентус.

Станува се појасно дека тие не можат да го ангажираат Френки де Јонг бидејќи Холанѓанецот не сака да се пресели на Олд Трафорд, па нова цел им станува Рабио.

Во случајот со Рабио се претпоставува дека би немале проблеми, тој има уште една година од договорот со Јувентус, а италијанскиот клуб сака да го продаде.

Рабио не беше ниту на подготовките со останатиот тим на Јувентус во САД, остана во Торино да тренира со младинскиот тим. Но беше дел од вчерашниот пријателски натпревар против Атлетико Мадрид на кој заработи повреда на главата која беше санирана со шест конци.

Според коментарите на социјалните мрежи, фановите на Манчестер јунајтед не се среќни со изборот на клубот, тие не сметаат дека Рабио е фудбалерот кој може да го направи тимот подобар.

По поразот од Брајтон во првото коло од Премиерлигата, се зголемува притисокот кон раководството на Манчестер јунајтед и тренерот Тен Хаг, па се очекува клубот да ја забрза работата на трансфер пазарот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани