Манчестер јунајтед, Тотнем и Челси тргнаа по Вајт

by
1 минути читање

Гигантите во
Премиерлигата под будно око ја мониторираат ситуацијата со 23 годишниот стопер
од редовите на Брајтон, Бен Вајт, за кого многумина веруваат дека постои голем
простор за прогрес во неговата игра.

Вајт стартуваше
на сите десет меча во Премиерлигата оваа сезона за Брајтон и остави одличен
впечаток, со што се покажа како добар партнер во одбраната со своите соиграчи
Луис Данк и Адам Вебстер.

Манчестер
јунајтед веќе го „нотираа“ Вајт, а интерес за дефанзивецот прикажува и тимот на
Челси, но и Тотнем според пишувањата на „Скај спортс“, и покрај фактот што
клубовиве имаат голем избор на таа позиција во своите состави.

Вајт инаку
ланската сезона ја помина на позајмица во Лидс откако овој клуб избори место во
Премиерлигата, а тимот од „Еланд роуд“ ја испушти шансата да го добие неговиот
потпис откако понудата во висина од 25 милиони фунти беше категорично одбиена
од Брајтон, за потоа Вајт да потпише нов четири годишен договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×