Манчестер
јунајтед наводно го идентификувал напаѓачот на Саутемптон, 28 годишниот Дени
Ингс како опција за засилување на нападот на тимот предводен од Оле Гунар
Солшер за новата сезона.
И покрај фактот
што ветеранот Единсон Кавани веќе потпиша нов договор со „Црвените ѓаволи“, се
верува дека Солшер не се откажал од намерата да ги разгледа и останатите опции
кои ги има за засилување во нападот.
Манчестер
јунајтед извесен период се поврзува со Хари Кејн од Тотнем, а медиумите од
Островот наведуваат дека Манчестер Сити е на пол-позиција во трката за потписот
на ѕвездата на „Спарси“ и капитен на англиската репрезентација.
Што се однесува
пак до Ингс, тој има важечки договор со Саутемптон до идната година, а со оглед
на тоа што се уште нема договор помеѓу обете страни за продолжување на
соработката, јасно е дека клубот ќе биде под еден вид притисок да го продаде
уште ова лето, односно да не ризикува да го загуби без обештетување.
Сезонава на 28
настапи, Ингс успеа да запише 12 погодоци, но и четири асистенции.