165
Манчестер јунајтед се обидува да потпише со фудбалери на неколку позиции до крајот на преодниот рок, па контактира многу играчи, еден од нив бил и Пјер Емерик Обамејанг.
Тој ја отфрлил можноста за преселба во Манчестер јунајтед, фокусиран е на трансферот во Челси бидејќи тие играат во Лигата на шампионите.
За денеска се закажани нови преговори меѓу Челси и Обамејанг за личните услови.
Чави се уште инсистира на задржување на Обамејанг, но со доаѓањето на Левандовски тој е резерва во Барселона, и не е среќен со таквиот статус.