Манчестер јунајтед се договорил со агентот на Мендеш за трансфер на Фати?

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед според информациите кои пристигнуваат постигнал договор за трансфер на
Ансу Фати од Барселона, и тоа за 133 милиони фунти, договорот се случил во
летниот преоден рок со агентот на фудбалерот Жорж Мендеш, меѓутоа од Барселона
одлучиле да ја стопираат операцијата на Премиерлигашот.

Од Манчестер
јунајтед биле близу до потписот на тинејџерската фудбалска сензација, меѓутоа и
покрај големата финансиска криза која ги погоди предизвикана од коронавирусот,
Каталонците не попуштиле и го задржале 18 годишниот фудбалер во својот состав.

„Спорт“ пишува
дека шефот на стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер бил јасен
во намерата да доведе крилен напаѓач во својот состав, а клубот од „Олд трафорд“
тргнал по потписот на Фати откако не успеал во намерата да го договори Џејдон
Санчо од Борусија Дортмунд.

Фати досега
запиша 43 настапи во дресот на Барселона, во кои постигна 13 погодоци, а
реализираше уште 5 асистенции, има активен договор со клубот до
2022. Година, но и опција за дополнителни
две години.

Инаку, крилниот
напаѓач има откупна клаузула во својот договор со Каталонците во износ од 400
милиони евра

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани