366
Директорите на клубот сметаат дека изјавите на Рајола влијаеле и на подготовките на Манчестер јунајтед за дуелот со Лајпциг по кој црвените ѓаволи испаднаа од Лигата на шампионите.
Во раководството се бесни на Погба и веднаш ќе го стават на продажба. Се надеваат дека ќе најдат купец за него уште во јануарскиот преоден рок, но нема да го продадат по секоја цена.
Тој е нивниот најскап фудбалер, сакаат да ги извадат парите, но се верува дека би прифатиле и понуда од 50 милиони фунти, но не и пониско.
Како можни дестинации за Погба се враќање во Јувентус, трансфер во Реал Мадрид или ПСЖ.