Манчестер
јунајтед веќе започнал преговори со претставниците на Н’Голо Канте од Челси, известува „Мирор“, а веќе е
познато дека Челси нема да му стои на патот на својот фудбалер доколку се
исполнат нивните барања.
Од Челси се
отворени за договор, шефот на стручниот штаб на „Црвените ѓаволи“, Оле Гунар
Солшер е голем обожавател на играта на Французинот и верува дека со него
средниот ред на Манчестер јунајтед ќе добие дополнителен квалитет.
Претходно, во
периодот кога Канте се поврзуваше со можен трансфер во Интер, медиумите
објавија дека Челси поставил цена за Французинот во висина од цели 80 милиони
фунти, се верува дека клубот од Лондон нема да отстапи од висока цена за негова
продажба.
Канте во Челси
пристигна во 2016. година по трансферот од Лестер, има активен договор со
клубот од Лондон до 2023. година, па така, истиот е во одлична позиција во
преговорите со заинтересираните страни за неговиот потпис.