113
„Црвените Ѓаволи“ се засилија со Ерик Баји, Златан Ибрахимовиќ, Хенрих Мхитарјан и Пол
Погба, но на почетокот од летото имале и други желби.
Баерн Минхен сега
открива дека Манчестер јунајтед доставил понуда за услугите на
Томас Милер вредна 100 милиони евра.
Предлогот стигнал откако Жозе Мурињо го наследил Луј ван Гал на кормилото на Олд Трафорд, но тие без размислување веднаш го одбиле.
„Навистина
добивме ваква понуда” –
вели потпретседателот на клубот, Јан Кристијан Дресен, кој исто така е
одговорен и за финансиите на „Баварците“.
„Добивме факс од
Англија. Но ние во ниту еден момент не разговаравме за продажба на Томас Милер”.