Англискиот весник тврди дека Манчестер јунајтед ќе понуди 60 милиони евра за Касемиро.
Тие се откажаа од намерата да го ангажираат Рабио, па сега ќе се насочат кон Касемиро иако тој изгледа како недопирлив во Реал Мадрид.
Касемиро е еден од клучните фудбалери на Карло Анчелоти кој со Модриќ и Крос формира беспрекорно трио кое носи огромни заслуги за успесите на Реал Мадрид.
Ова лето кралскиот клуб го купи Чуомени кој во моментов е замена за Касемиро. Францускиот фудбалер е млад играч на кој ќе му е потребно и време да се адаптира на играта на Реал Мадрид.
Минатиот август Касемиро потпиша нов договор со Реал Мадрид со трајност до 2025 година, во него има откупна клаузула од 500 милиони евра.
Не се верува дека Реал Мадрид би можел ова лето да прифати понуда за Касемиро, но останува да видиме каков ќе биде обидот на Манчестер јунајтед.