179
Неофицијалните
информации кои пристигнуваат велат дека англискиот вицепрвак Манчестер јунајтед
напредува во преговорите со Виљареал за ангажман на дефанзивецот Пау Торес.
Очекувањата се
дека договорот би можел да се случи веднаш по крајот на актуелното Европско
првенство на кое Торес е со својата селекција Шпанија.
Шефот на
стручниот штаб на „Црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солшер очајно посакува
засилување во дефанзивната линија, а токму Торес е еден од желбите на
норвешкиот фудбалски стратег.
24 годишниот
Торес има активен договор со Виљареал со важност до 2024 година, што воедно ја
олеснува позицијата на шпанскиот прволигаш во оваа ситуација.